Skip to main content
Окт 20, 2026
За храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни 26.170 денари, што е за 124 денари повеќе од минималната плата.

Горива
Окт 19, 2026
Собранието ај донесе одлуката поради можноста за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Окт 14, 2026
министерство за здравство
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Окт 14, 2026
Засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час носи значително заладување низ земјава, а нестабилното време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи до петок. На повисоките планински врвови се очекува снег, додека од почетокот на викендот следува постепено смирување на ветерот и пораст на дневните температури.

Окт 13, 2026
Европската комисија објави нов повик за финансирање заеднички проекти меѓу Македонија и Албанија, во рамки на ИПА III-програмата за прекугранична соработка. Заинтересираните организации можат да аплицираат до 15 јануари 2027 година, а на располагање се вкупно 3,43 милиони евра, информира Министерството за локална самоуправа.

Окт 13, 2026
Министерот Клековски најави дека прв ќе се вакцинира, со цел да ги поттикне граѓаните да се пријават за имунизација против сезонски грип.

Окт 12, 2026
Со официјален почеток на градежните активности денеска започне реализацијата на автопатската делница Букојчани – Кичево, проект што треба да придонесе за подобрување на патната поврзаност и побезбедно одвивање на сообраќајот во западниот дел од државава.

11 октомври
Окт 11, 2026
Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ кој го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна во Вардарска Македонија. Честит празник!