За безбедна хирургија, работа според протокол
Протокол за безбедна хирургија првпат се воведува во сите хируршки одделенија во јавните и во приватните здравствени установи во земјава во согласност со искуствата и практиките на СЗО.
Донесени измените во Законот за медиуми
Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжени на 82. седница со 55 гласови „за“ и осум „против“, како и 11 гласови „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.
Пензионерите и оваа година бесплатно на бања
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Беким Незири и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски одржаа конференција за медиумите на којашто информира за Проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2014 година“.
Матурантите денес полагаат екстерно тестирање
Околу 20.000 матуранти денеска и во петок полагаат екстерен тест, а комбинацијата од два предмети што ги полагаат беше објавена на 19 јануари, во неделата.
Награда за македонскиот игран филм „Крани“
Играниот филм „Крани“, кој е во фаза на развој и е поддржан од Mакедонскиот филмски фонд, неделава беше претставен пред еминентни професионалци од филмскиот свет на пичинг-форумот „Кога Истокот се среќава со Западот“.
Најавено зголемување на минималната плата за 2.000 денари
Минималната плата ќе биде за 2.000 денари поголема, а тоа значи корекција на платите на 65 илјади работници.
„Алфите“ со нов статус
Единицата Алфа доби нов статус во рамките на СВР-Скопје и сега и официјално е Единица за прв одговор и интервенција – ЕПОИ.
Македонец во трката за градоначалник на Париз
Парижанец со македонско потекло е потенцијален градоначалник на Париз. Кристоф Најдовски ја предводи листата на партијата на Зелените во пресрет на локалните избори во Франција.