Skip to main content
Јан 27, 2012

Грција упати протестна нота до македонското Министерство за внатрешни работи заради симболите на “Порта Македонија“, за кои, како што наведува, биле со иредентистичка содржина.


Јан 26, 2012

За еден месец почнува скринингот за рано откривање на рак на грлото на матката. Околу 100.000 припаднички на понежниот пол на возраст од 24 до 35 години ќе добијат покана од матичните гинеколози да отидат на бесплатен преглед.


Јан 26, 2012

Се зголеми радиодифузната такса од 130 на 190 денари и  рекламниот простор за Македонската радио телевизија.


Јан 25, 2012

Апостолос Кардарас од Патра, Грција ќе патува шест месеци со брод од својот град до Сиднеј, Австралија, и притоа ќе се труди да ги запознава луѓето со хеленскиот карактер на Македонија, јави „Симбан Ворлд Радио“, радиостаница од Сиднеј наменета на населението со грчко потекло.


Јан 23, 2012

Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, саеми на книга, детски драмски фестивали, поетски фестивал, изложби и новогодишни концерти.


Јан 19, 2012

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.


Окт 8, 2021

Во рамки на хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“, Comodita Home продолжува со своите активности. По првичната донација на душеци за најранливата категорија во општеството, дечињата во Детска Клиника Козле, акцијата на Comodita Home продолжува во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. Денешниов ден, 08.10.2021 е Светскиот ден на хоспис и палијативна нега и грижа на стари лица. Тимот на Comodita Home, предводен од Харитон Гаџоски симболично беше дел од денешниов настан и во рамки на одбележувањето на денот, донираше душеци и за оваа установа.


Јан 18, 2012

Платите на министрите, пратениците, судиите и целиот државен врв ќе се зголемат за 5 проценти од декември годинава.