Skip to main content

Јун 20, 2011

Колони возила од изутринава се формираат на граничните премини од Македонија кон Грција и Србија, што се должи на почетокот на туристичката сезона.


Јун 16, 2011

Полуматурантите утре и задутре (17-ти и 18 јуни)  ќе се запишуваат во прва година средно образование во учебната 2011/2012 година.


Јун 15, 2011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготвува правилник со кој ќе се предвидува на пазарот да се продаваат само здрави, унифицирани, соодветно класифицирани, спакувани и складирани плодови.


Јун 14, 2011

Започна монтажата на споменикот  „Воин на коњ“ (кој го претставува Александар Македонски на Букефал) на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Ова е најголемиот споменик на Александар Македонски во светот.


Јун 11, 2011

Запленети се 105 килограми марихуана, уапсени се двајца жители на тетовските села Селце и Стримница кои ја пренесувале дрогата од Албанија преку Македонија кон западна Европа.


Јун 10, 2011

Министерскиот Совет на Европската Унија за внатрешни работи и правда во Луксембург не донесе одлука за суспензија на безвизниот режим за Македонија и Србија.


Јун 10, 2011

19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности.


Јун 9, 2011

Безвизниот режим за Србите и Македонците за шенген зоната на ЕУ беше доведен во прашање откако Белгија и Шведска изразија нова загриженост околу можно негово злоупотребување.