Јун 23, 2011
Во Македонија пристигнуваат полски туроператори и новинари
На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со економскиот промотор на Македонија во Полска од денеска до 26 јуни во Македонија ќе престојуваат група влијателни туроператори и новинари.
Јун 22, 2011
Граѓаните го чекаат ветеното субвенционирање за стан
Економистите сметаат дека владината иницијатива за субвенционирање на станбени кредити е непродуктивен трошок.
Јун 21, 2011
Закажување термин за биометриски лични документи преку интернет
Министерството за внатрешни работи ја пушта во употреба новата интернет страница која е попрегледна и нуди повеќе информации и услуги за корисниците.
Јун 21, 2011
Денешниот ден ќе биде најдолгиот во годината
Летото официјално почнува денеска.
Јун 20, 2011
Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за 1,5 денари
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Јун 20, 2011
Почна туристичката сезoна – колони возила на Табановце и Богородица
Колони возила од изутринава се формираат на граничните премини од Македонија кон Грција и Србија, што се должи на почетокот на туристичката сезона.
Јун 16, 2011
Започнува запишувањето во средните училишта
Полуматурантите утре и задутре (17-ти и 18 јуни) ќе се запишуваат во прва година средно образование во учебната 2011/2012 година.
Јун 15, 2011
Нов правилник за продажба на овошје и зеленчук
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготвува правилник со кој ќе се предвидува на пазарот да се продаваат само здрави, унифицирани, соодветно класифицирани, спакувани и складирани плодови.