Фев 7, 2011
Во Британија, Јапонија и Италија се дистрибуира ДВД издание на „Пред дождот“
Македонскиот филм на режисерот Милчо Манчевски „Пред дождот“ се дистрибуира во Велика Британија, Јапонија и Италија.
Фев 7, 2011
Изложба на икони од македонски цркви во Холандија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре во музејот “Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, ќе ја отвори големата изложба “Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која ќе биде претставен дел од македонското културно наследство.
Јан 25, 2011
Сеќавање на Ангелот
25 јануари, во колективната меморија е датум кој асоцира на него! Човекот со голема душа, човекот со најубавата насмевка, човекот со поглед кој смирува, човекот – Ангел, нашиот Тоше Проески!
Јан 24, 2011
Ќе се аплицира за откуп на дворно место и без сите документи
Граѓаните кои во моментов ги немаат сите неопходни документи за да поднесат барање за откуп на дворно место за едно евро -1 м2, ќе можат да го сторат тоа со минимална документација, а по истекувањето на рокот, ќе можат да ги достават преостанатите документи.
Јан 24, 2011
Орден за заслуги за Македонија постхумно за Тоше Проески
Претседателот Ѓорге Иванов денеска постхумно го одликува Тоше Проески со Орден за заслуги за Македонија, ден пред 30-годишнината од неговото раѓање.
Јан 22, 2011
„Tамифлу“ ќе препишуваат и матичните лекари
Вака одлучило Министерството за здравство поради зголемениот број пациенти со симптоми на грип, па до матичните лекари веќе испратило писмено известување.
Јан 21, 2011
Пристигнаа Шангајските експерти, ќе ги чешлаат универзитетите
Експертите од Џао Тонг Универзитетот од Шангај, кој ја прави престижната Шангајска листа на топ 500 универзитети во светот, пристигнаа во Скопје и нивна задача ќе биде да направат ранг-листа на македонските универзитети, од најлошиот до најдобриот.
Јан 21, 2011
Ако немаат леб нека јадат колачи!
Додека некои мелничари најавуваат ново поскапување на лебот за два-три денари, Владата со намалени царини за увоз на бел шеќер ќе се обиде да ги поевтини дел од прехранбените производи во кондиторската индустрија.