Апр 12, 2010
Намаленa партиципацијата за студирање на државните универзитети
Владата на синоќешната седница одлучи значително да ја намали партиципацијата за студирање на државните универзитети и утврди највисокиот износ за кофинансирање на студиите да биде 400 евра, наместо досегашните 1.200 евра.
Апр 12, 2010
ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа уставниот амандман на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека го прифаќа амандманот на СДСМ за измена на Уставот во врска со приватизацијата, оценувајќи го повторно како неприменлив и политички блеф.
Апр 10, 2010
Сочувство од претседателот Иванов до полскиот народ
Ова е голема трагедија не само за пријателскиот Полски народ туку и за сите граѓани на Република Македонија сочувство од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Апр 10, 2010
ФЗО воведува специјалистички пакети
Oд први овој месец, докторите специјалисти мора да работат во согласност со специјалистичките пакети креирани од Фондот за здравство во соработка со Лекарската комора.
Апр 9, 2010
Уредување на езерските крајбрежја за подобра туристичка понуда
Државата ќе ја подобрува езерската туристичка понуда со изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување околу езерата.
Апр 9, 2010
Казните за фирмите ќе се менуваат
Во наредниот период инспекторите само ќе ги опоменуваат фирмите бидејќи одредени законски казни ќе бидат намалени и до 50 проценти, а некои ќе бидат зголемени и за 100 отсто.
Апр 9, 2010
Шверц на 3 тони пилешко од Македонија
Неуспешен обид да се шверцува пилешко од Македонија во Бугарија. Откако бугарски државјанин легално од Струмица купил три тони пилешко месо, се обидел нелегално да го извезе.
Апр 8, 2010
Повеќето македонски жалби во Стразбур се лошо подготвени
Од вкупниот број предметите коишто пристигаат против Република Македонија во Европскиот суд за човековите права во Стразбург, 85 отсто од нив завршуваат како недопуштени, како резултат на лошо подготвени жалби, не ретко и од формално-правни причини.