Skip to main content

Апр 8, 2010

На вториот Самит на Ромите во Кордоба, претставниците од Македонија ќе ја претстават Црно-белата книга, односно позитивните и негативните примери од животот на Ромите.


Апр 7, 2010

Првиот фестивал за велосипеди „Велофест“ ќе биде отворен вечер во Младинскиот културен центар во Скопје, а покрај во главниот град до крајот на месецов ќе се одржува во уште десет општини.


Апр 7, 2010

Од денес ќе има инсулин за сите пациенти во целата држава, вели министерот за здравство Бујар Османи. Тврди дека нема да дозволи инсулинската криза да продолжи.


Апр 7, 2010

Министерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје на Македонија по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, денеска организираат заеднички марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк, што ќе го предводи ресорниот министер Бујар Османи.


Апр 6, 2010

Првата македонска астрономска опсерваторија во која професионалци ќе работат 24 часа, ќе се наоѓа на Плачковица. Тука во срцето на планината, во непосредна близина на познатото детско одморалиште со кое стопанисува државниот универзитет Гоце Делчев од Штип, планирана е локацијата на два милиони вредната инвестиција.


Апр 6, 2010

Зошто Друцас ја презеде одговорноста тој да соопшти дека за Грција е прифатливо името Северна Македонија, а не Папандреу, кој е министер за надворешни работи?


Апр 5, 2010

Според официјалните податоци индексот на сиромаштија во Македонија изнесува околу 30 отсто, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен. Додека експертите укажуваат на потребата од подобра социјална политика, Министерството за труд и социјална политика најавува двегодишен проект за социјално вклучување и борба против сиромаштијата.


Апр 5, 2010

„Малиот бог на љубовта” е насловот на долгометражниот игран филм што во режија на Жељко Сошиќ денеска треба да почне да се снима во Подгорица.