Skip to main content

Мар 24, 2010

Во Македонија нема милијардери, но се знае за неколку стотини домашни милионери. Тие поседуваат акции во металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите, фармацевтските куќи, како и во болници, банки.


Мар 23, 2010

Република Македонија официјално излезе од рецесија, откако во четвртото тромесечје од 2009 , бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат дека граѓаните не го почувствувале растот.


Мар 23, 2010

Од денеска до 29 март во Хрватска ќе се одржува Недела на македонскиот филм, во чии рамки ќе бидат прикажани пет играни и пет краткометражни филмови. Проекциите ќе бидат во кино „Тушканац“ во Загреб и во „Арт кино Кроација“ во Риека.


Мар 23, 2010

Експозитура на Комерцијална банка на улица „Партизански одреди“ спроти пазарот „Буњаковец“ во Скопје е ограбена утрово во 8 часот.


Мар 23, 2010

„Нигериски“ вирус ви ја хакира е-mail адресата на Yahoo и на сите контакти што ги имате во вашиот адресар им праќа порака дека сте во неволја, барајќи да пратат пари, најчесто во Лондон.


Мар 23, 2010

Во Царинската управа на Република Македонија во првите десет дена од стапувањето на сила на промените на Законот за царинска тарифа и на Законот за акцизи за царинење на нови и употребувани возила започната е постапка за царинење на вкупно 1.752 нови и половни возила од кои 1.405 се веќе оцаринети, а 347 се во постапка за царинење.


Мар 22, 2010

Софистицирани камери, нови алармни уреди и поголем број агенти за обезбедување ангажираат банките по серијата криминални упади и празнење на банкарските каси. Уни банка, откако улични банди и ги испразнија експозитурите во Мавровка и Скопјанка, од денска има ангажирано по двајца агенти кои стојат пред банката и на располагање имаат возило.


Мар 22, 2010

Поглаварот не го коментираше сомнителното потекло на австралијанскиот бизнисмен за кој се обелодени дека се соочил со повеќе кривични пријави за тепачки и насилство.