Skip to main content
Апр 3, 2010

Додека еден спиел на работното место тројца се пијанчеле, нивна колешка фалсификувала податоци, на други пак им бегале приведните. Шеснаесет полициски служебеници се парично казнети од 10% до 20% од плата во времетраење и до шест месеци.


Апр 2, 2010

Постот станува се’ помасовна појава во Македонија како мошне важен ритуал во верскиот живот. Особено младите луѓе пред големите верски празници практикуваат да постат. Од здравствени и од верски побуди.


Апр 2, 2010

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок – денот во кој Исус е распнат и денот на неговата смрт.


Апр 2, 2010

Дванаесет-годишниот Македонец две години по ред освојува награда на училишниот натпревар на ниво на американскиот главен град – овојпат за проект што истовремено нуди и поголемо производство, и заштеда на електрична енергија.


Апр 2, 2010

Претседателот на државата Ѓорге Иванов со честитка до верниците на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, на Католичката црква и на Евангелско – методистичката црква  по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.


Апр 1, 2010

Православните и католичките верници в недела го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.


Апр 1, 2010

Со изложбата фотографии посветена на браќата Милтон и Јанаки Манаки во Музејот на Нормандија во Каен, Долна Нормандија, во петок навечер, 2 април, официјално ќе биде отворено шестото издание на манифестацијата „Балканска пролет“ кое годинава е посветено на македонската култура.


Мар 30, 2010

Во организацијата на агенцијата „Марили“ денеска во Скопје ќе се одржи изборот на 10 најуспешни жени менаџери во Република Македонија.