Мар 6, 2010
Македонската влада ќе ги објави антикризните мерки
Македонската влада денеска ќе ги објави новите антикризни мерки. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски,
дел од новите мерки ќе бидат донесени на барање на бизнис заедницата, а дел на иницијатива на надлежите министерства.
Мар 6, 2010
Македонија да не стравува од силни земјотреси
Градбите во Македонија се стабилни, но во случај на посилен потрес се можни оштетувања. Стручњаците стравуваат за градбите од периодот на транзицијата. Но, силни земјотреси во догледно време не се очекуваат.
Мар 5, 2010
По Белгија на ред дојде и Швајцарија
Зголемен е бројот на барања за азил од македонски државјани во Швајцарија, објави SwissInfo.
Мар 5, 2010
На Ќафасан најдена илегалка во багажник од “пунто“
Девојка без никаква идентификација во себе пронашле синоќа царинските службеници на граничниот премин Ќафасан, при обид илегално да влезе во Македонија.
Мар 4, 2010
Чеканот со кој убивал Радески ќе заврши во музеј
Охриѓанецот Лазе Радески (62), кој е осуден на доживотен затвор за убиство на тројца дилери на девизи, побара Врховниот суд на Македонија да го ослободи или да му овозможи ново судење на кое ќе докажел дека не е сериски убиец.
Мар 3, 2010
Белгија ќе ги врати сите баратели на азил од Македонија
Белгискиот министер за азил и имиграција Мелкиор Ватле оценил дека имигрантите од Македонија, кои бараат азил, се изманипулирани не само во својата земја, туку и од луѓе во Белгија.
Мар 2, 2010
Фуере: Состојбата со азиланти е загрижувачка
Состојбата со зголемениот број македонски азиланти во Белгија е навистина загрижувачка. Ова денеска во Скопје го изјави евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере, додавајќи дека од тие причини, белгискиот премиер набргу ќе го посети целиот регион.
Мар 2, 2010
Се чека на резултатите од вештачењето на бродот Илинден
Во секој миг во Охридскиот суд се очекуваат резултатите од вештачењето на бродот Илинден, за да се утврдат причините за неговото потонување на петти септември минатата година, кога животите во бродоломот во Охридското езеро ги загубија 15 бугарски туристи.