Ное 28, 2009
Одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените
Во рамките на кампањата за превенција на семејното насилство, насловена „Вистинскиот маж никогаш не удира жена“ денеска во Скопје ќе се одржи манифестација од забавен карактер со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден за елминицаија на насилство врз жените.
Ное 27, 2009
Дијалогот продолжува
Македонскиот и грчкиот премиер денеска треба да го продолжат дијалогот во пресрет на одлуката на Европската унија од која Македонија во декември очекува датум за преговори за членство.
Ное 27, 2009
Регионална конференција за евроинтеграцијата
Регионалната конференција за Западен Балкан на која треба да учествуваат министри одговорни за евроинтеграции од земјите од регионот, ќе се одржи денеска во Скопје.
Ное 26, 2009
Симон Трпчевски на турнеја со Лорин Мазел
Македонскиот пијанист Симон Трпчески е дел од големата европска турнеја на Филхармонија оркестар од Лондон и легендарниот диригент Лорин Мазел, како дел од одбележувањето на 50-годишната соработка на овој престижен оркестар и маестро Мазел.
Ное 26, 2009
65 години Макеоднска филхармонија
Македонската филхармонија ќе ја одбележи 65-годишнината со свечен концерт вечер, кога ќе бидат презентирани и фотографии на оркестарот од неговото формирање до денес.
Ное 25, 2009
Кампања против семејното насилство
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Македонија – ЕСЕ во среда ќе одржи прес конференција по повод Меѓународните 16 дена активизам против насилството врз жените.
Ное 25, 2009
Ќе има ли штрајк на контролорите на летање ?
Управниот одбор на Акционерското друштво за давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ во среда ќе одржи конференција за новинарите по повод последните случувања во друштвото.
Ное 24, 2009
Гранит го доби тендерот на Агенцијата за патишта
Станува збор за тендер вреден 2,5 милиони евра, за реконструкција на 17 патни правци во Полошко-кумановскиот регион, се вели во известувањето на најголемата македонска градежна компанија Гранит.