Нимиц на средба со премиерот Груевски
Посредникот во македонско грчките разговори за името Метју Нимиц, по вчерашните средби со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, денеска ќе се срeтне со премиерот Никола Груевски.
“Албатрос“ фати 14 криумчари со мигранти, петмина во бегство
Голема меѓународна група која пренесувала мигранти од Албанија преку Македонија за Грција е разбиена при вчерашната полициска акција „Албатрос“ при што 14 лица се приведени, а по уште петмина се трага.
Нимиц денеска на разговори во Скопје
Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името, Метју Нимиц денеска попладне пристигнува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв.
Патот Битола-Ресен по една коловозна лента
Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот Св. Јован Бигорски се одвива со повремени кратки застои и е дозволен само за патнички возила, додека за тешките товарни возила има забрана за движење во двете насоки.
Блиц: Лажна дојава на бомба ја прекина српската вечер во Македонија
Традиционалната српска вечер во Македонија, “Србите и пријателите” завчеравечер беше прекината по дојава за бомба, откако неидентификуван маж се заканил дека ќе ја активира доколку на средбата се појави српскиот егзарх Јован Вранишковски.
Свлечиштето во општина Вевчани е санирано
Свлечиштето во општина Вевчани е санирано, состојбата е стабилизирана, соопштуваат денеска од министерството за транспорт и врски.
Се излејаа Црна Река и Треска
Половина од површините кои беа поплавени од Црна Река се одводнети, но реката почна да се излева кај демирхисарските села Единаковци, Света и Бучин, соопшти Центарот за управување со кризи.
Одрони во Вевчани и кај Македонски Брод
Одрон земја широк меѓу 150 и 200 метри и висок два метра синоќа се урнаа во Вевчани, на потегот од игралиштето кон Здравствениот дом, информира Центарот за управување со кризи.
