Дек 18, 2024
мепсо
Нов трансформатор во ТС Битола, се очекува да се зголеми стабилноста на енергетската мрежа и во охридскиот регион
Со новиот трансформатор се очекува да се намали притисокот врз мрежата, подобрување на системската сигурност за реоните на Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, да се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија за време на зимската сезона и сигурност на производството на електрична енергија во РЕК Битола, клучен снабдувач на електрична енергија во државата.
Дек 18, 2024
министерство за внатрешни работи
Приведен 17 годишен криумчар од Виница, пронајдени девет мигранти од Непал
На 17.12.2024 во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница.
Дек 17, 2024
мвр
32 годишен стружанец обвинет за формирање терористичка организација – „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на терористичката ИСИС
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15-ти декември 2024 година, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М. (21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 1) и против Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) од Гостивар и Т.М. (27) од Гостивар за сторено кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 2) од КЗ.
Дек 17, 2024
Царинска управа
Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми и птици
Царинската управа објави дека во текот на минатата недела, царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за криумчарење разна стока.
Дек 16, 2024
УЈП: За издавање станови, викендички за претстојните празници да се плати данок
Физичките лица кои издаваат недвижни имоти како станови, вили, викендички, апартмани или соби за краток престој, не подолг од 31 ден во месецот, особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „Е-Даночни услуги“ да го пријават доходот остварен од издавање на имотот.
Дек 16, 2024
Полициски претрес во домот на Артан Груби, бил во Косово
Полицијата трага и по Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија.
Дек 16, 2024
Ќе се вработат 30 нови полицајци во СВР Охрид
Министерството за внатрешни работи денес распиша конкурс за прием на 600 полицајци.
Дек 15, 2024
Тошковски: Уапсени четири лица во Струга и Гостивар поврзани со тероризам
Уапсени 4 македонски државјани во полициска акција спроведена во Струга и во Гостивар за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.