Дек 2, 2024
Народна банка: Зачестени измами, граѓаните да не ги откриваат личните податоци
Граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства.
Дек 2, 2024
мон
Во тек е пријавувањето за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука потсетува дека од од 1 до 5 декември 2024 година е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.
Дек 2, 2024
МВР
Приведен 28 годишен кичевчанец поради криумчарење на мигранти
Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.
Дек 2, 2024
амсм
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови
Од АМСМ информираат за состојбата на патиштата во Македонија.
Дек 1, 2024
амсм
АМСМ: забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Ѓавато и Маврово
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија Пат, соопшти АМСМ.
Ное 29, 2024
Министерство за транспорт
Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид – Кичево
Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето.
Ное 29, 2024
Обвинителство презема мерки за расчистување на инцидентот со уништувањето на македонското знаме, политичките партии со осуда на хулиганското дивеење
Според видеоснимките објавени на социјалните мрежи, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ на Бит пазар се пукаше со огнено оружје, а се гледа и како група вандали го кинат македонското државно знаме, што предизвика голем револт кај граѓаните.
Ное 28, 2024
мпц
Православните христијани денес го започнуваат Божиќниот пост
Денес започнуваат Божикните пости во чест на празникот Христово рождество, кои ќе траат до 6-ти јануари.