Ное 10, 2025
министерство за внатрешни работи
Изминатиот викенд регистрирани 1466 сообраќајни прекршоци, 14 лица лишени од слобода за безобзирно управување на возило
МВР: Евидентирани се и 174 прекршоци за неправилно паркирање, 132 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 91 санкција за возење под дејство на алкохол.
Ное 10, 2025
Министерство за образование и наука
Рекордни 773 милиони денари во буџетот за научно-истражувачка дејност
МОН: Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари со кои продолжува финансирањето на научно-истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и за организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и за организирање на научни и студиски престои во странство.
Ное 9, 2025
Министерство за образование и наука
Во Тетово одржана третата панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“
МОН: Денешната панел-дискусија потсети дека вистинската магија на образованието не е во брзината на пристап до информација, туку во способноста да се разбере, почувствува и примени знаењето. Иако времињата се менуваат, наставниците и понатаму остануваат оние што ја претвораат љубопитноста во мудрост, а „петката“ во нешто многу повеќе од бројка.
Ное 3, 2025
регулаторна комисија за енергетика
Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар
Бензините и дизелот со ново поскапување.
Окт 30, 2025
обединети нации
Македонија гласаше за продолжување на санкциите на САД кон Куба
Против резолуцијата гласаа САД, Израел, Аргентина, Унгарија, Парагвај, Македонија и Украин, а дванаесетте воздржани беа Албанија, Босна и Херцеговина, Костарика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, Молдавија и Романија.
Окт 29, 2025
Оставка од директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје поради морални причини
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и Аки Саити, управителот за отпад во претпријатието, добија мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Окт 28, 2025
министерство за здравство
Над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани против сезонски грип
Министерство за здравство: Расте интересот за вакцинација против сезонски грип, сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.
Окт 27, 2025
Ново поскапување на горивата
Од ноќеска на полноќ дизел горивата поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар.