Skip to main content
Точење на гориво
Фев 26, 2024
Регулаторната комисија за енергетика
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари по литар.

Фев 26, 2024
Претседателски избори 2024
Вкупно 24 830 граѓани се потпишале за некој од кандидатите кои собираат потписи за да влезат во трка за шеф на државата. Досега ниту еден од кандидатите нема собрано 10 илјади потписи колку што се потребни за вонпарламентарните и партиите кои имаат помалку од 30 пратеници во Собранието да може да номинираат свој кандидат на претседателските избори. Согласно роковникот на Државната изборна комисија собирањето потписи ќе трае до 8 март до 24 часот.

Пари
Фев 22, 2024
Државен завод за статистика
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, изнесува 116,4.

Фев 22, 2024
ИЗБОРИ 2024
На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати.

Фев 21, 2024
Комисија за заразни болести
Се уште има пораст на слуачи на голема кашлица поради што состојбата не е стабилна но е под контрола, заклучи Комисијата за заразни болести. До денес се регистрирани 56 случаи на голема кашлица, од кои 46 во Скопје. Oд понеделник се очекува да стигнат Во Македонија ДиТеПер вакцини и за возрасни, така што ќе може да се имунизираат трудници и лица во семејства каде што има мали деца.

маржи основни производи
Фев 20, 2024
Сојуз на синдикати на Македонија
57.476 денари му се  потребни на четиричлено семејство за да ги задоволи основните потреби во февруари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати. Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. 

Фев 20, 2024
Агенцијата за Катастар го објави новиот Тарифник, со кој поскапеа и геодетите. Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари. 

Фев 19, 2024
царина
Случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска. Против патникот, инаку македонски државјанин е поднесена соодветна пријава.