Јан 23, 2024
Цените на основните прехрамбени производи замрзнати до крај на февруари
Одлуката првично беше донесена со важност до 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за изменување на постојната одлука и продолжување на мерката.
Јан 22, 2024
Над 3 милиони патници во 2023 год опслужени на скопскиот и охридскиот аеродром
Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со кои управува ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, бележат 33% пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година, додека споредено со истиот период во 2019 година, порастот е 18%.
Јан 16, 2024
Институт за јавно здравје
Во првата недела од годинава удвоен бројот на заболени од грип
Во Македонија од 01 до 07.01.2024 се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела.
Јан 16, 2024
АРМ
Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата
Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас.
Јан 15, 2024
РКЕ
Нови цени на горивата од полноќ
Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на предходната одлука на Регулаторна комисија за енергетика.
Јан 12, 2024
УХМР
Не очекува сончев но студен викенд
Наутро и тоа особено за време на овој викенд ќе биде особено студено, па така температурите понекаде ќе се спуштаат и под -12 степени.
Јан 12, 2024
Земјотресот со епицентар во Преспа ги вознемири граѓаните, штети не се пријавени
Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.
Јан 11, 2024
Уставен суд: Долговите кон извршителите застаруваат
Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи и Законот за извршување од причина што смета дека двата закони се во согласност со Уставот.







