Окт 5, 2023
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
Дневната евтина тарифа на струјата ќе стартува во декември
Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно.
Окт 5, 2023
Министерство за труд и социјална политика
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
За оние корисници кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во филијалите и експозитурите на банките.
Окт 5, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Поевтинуваат бензините
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 2-ри месецов.
Окт 3, 2023
Министерство за култура
Започна пријавувањето на Проекти од национален интерес од културата за 2024 год
Од денес на пладне отворен е системот Електронско пријавување на Проекти од национален интерес за култура за 2024 година, ќе биде затворен на 6 ноември, а ќе се спроведува преку националниот портал за Е услуги.Системот автоматски го препознава невниманието на корисниците кон општите услови и правила за тоа со колку проекти може да конкурираат по дејност.
Окт 3, 2023
Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево
Со инаугуративниот лет што полета од Меѓународниот Аеродром Скопје, AEGEAN почна со операции меѓу двата главни града со авион ATR72-600, со три фрекфенции неделно. Авиокомпанијата ќе лета од Скопје до Сараево секој понеделник, среда и петок.
Окт 3, 2023
Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан
Намалувањето на цените за роаминг официјално стапи во сила oд 1. октомври, а горната ценовна граница за еден гигабајт роаминг податоци во специјалните понуди и пакети, согласно Декларацијата за роаминг, не треба да биде повисока од 18 евра.
Окт 3, 2023
Контролорите на летање на аеродромите во Скопје и Охрид на штрајк на 12-ти октомври
Синдикатот на контролори на летање преку медиумите информира дека штрајкот е поради наталожени проблеми од раководството на МНАВ, лоши услови за работи и наместени огласи.
Окт 2, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Поевтинуваат бензините, дизелот поскап за полoвина денар
Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.