Skip to main content

Паѓаат бројките на заразени со ковид-19

Има тренд на опаѓање на бројките на новозаразени со коронавирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи очекување дека ќе продолжи да спласнува овој бран на епидемијата.

 |   | 
Модуларна болница

Има тренд на опаѓање на бројките на новозаразени со коронавирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи очекување дека ќе продолжи да спласнува овој бран на епидемијата.

Тој рече дека се намалува и факторот на преносливост на вирусот, а посочи дека почнува да се смирува и ситуацијата во Тетово.

Имајќи ги предвид досегашните искуства со претходните бранови на ковид-19, очекуваме да продолжи трендот на опаѓање на бројките на ново заразени, кој е присутен веќе неколку денови наназад. Денеска имаме под 900 новозаразени, а факторот на преносливост е намален под единица, односно засега е 0,9. Исто така, постепено се стабилизира ситуацијата во Тетово, кој беше еден од најсилно погодените градови во овој бран“, истакна Филипче.

Министерот оцени дека е добар пристапот на Владата во однос на имунизацијата и дека земјава бележи најголем раст на вакцинирани во регионот. Како градови во кои има најмногу вакцинирани ги посочи Охрид, Кавадарци, Неготино, Ресен. Исто така, рече дека болниците се преоптоварени од невакцинирани пациенти.

Филипче рече и дека учебната година утре почнува со физичко присуство на територијата на целата државата и дека внимателно ќе се следи епидемиолошката ситуација и ако е потребно ќе се преземат дополнителни мерки.