Парламентот расправа за реконструкцијата на влдата
Македонското собрание денеска се очекува да расправа за изборот на нови министри, по оставката на првите луѓе во секторите за евроинтеграции, финансии, образование и земјоделство.
Македонското собрание денеска се очекува да расправа за изборот на нови министри, по оставката на првите луѓе во секторите за евроинтеграции, финансии, образование и земјоделство.
На собраниската седница закажана за 11 часот се предлозите за избор на министри, именување на заменици министри, како и разрешување на член во Владата на премиерот Никола Груевски.
Според најавите, нов министер за финансии и потпретседател на Влада треба да биде Зоран Ставревски.
За нов вицепремиер за економија е предложен Владимир Пешевски, а ресорот евроинтеграции ќе го води Васко Наумовски.
Ресорот образование е предложено да го води Никола Тодоров, а нов министер за земјоделство треба да биде Љупчо Димовски, со Перица Ивановски како заменик министер. За заменик министер во транспорт и врски е предложен, Горан Михајловски.
Министерот за финансии Трајко Славевски ќе биде разрешен на барање на премиерот Груевски.
Министрите за образование и земјоделство, Перо Стојановски и Ацо Спасеновски самите си поднесоа оставки, заедно со заменикот во земјоделие Христијан Делев. Првата оставка во влада на Груевски ја даде мината недела вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски.
{loadposition content9}