Skip to main content

Партиските лидери дебатираат за политичкиот плурализам

„Вредностите на политичкиот плурализам“ е тема на тркалезна маса на која денеска ќе дебатираат лидери и претставници на парламентарните партии во Македонија.

liderska sredba
лидерска средба
„Вредностите на политичкиот плурализам“ е тема на тркалезна маса на која денеска ќе дебатираат лидери и претставници на парламентарните партии во Македонија.
          
Најавено е учество на лидерите на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Нова Демократија, НСДП и ДОМ, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Имер Селмани, Тито Петковски и Лилјана Попвска и потпретседателот на ДПА Имер Алиу.
           
liderska sredbaНа тркалезната маса ќе говорат и евроамбасадорот Ерван Фуере, како и директорите на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, Анри Боне и Штефан  Денерт.
           
Организатори на тркалезнзта маса се фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје.

 

 

{loadposition content9}