Skip to main content

Разрешување на кризата за леб

Пекарската индустрија легна на брашното

Од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари откако Владата синоќа донесе одлука со која им наложи да го произведуваат и испорачуваат овој леб во спротивно предвидени се казни. Од Групацијата на мелничко пекарската индустрија најавија дека ќе се прилагодат на осдлуките на владата но и дека ќе ја тужат за претпената штета.
 |  инфодеск  | 
леб

Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари. Ова денеска го соопшти Претседателот на Групацијата на мелничко пекарската индустрија Горан Малишиќ.

“Пекарите се согласија од утре да се започне со производтсво и испорака на одредени видови леб зависно од можностите на секоја пекара , за да може да се излезе пред се во пресрет на потрошувачите но и да се опстане во периодов на погрешни одлуки на владата” – изјави Малишиќ.

Вчера Владата со цел да ги принуди пекарите да ги произведуваат двата типа на леб кои се со замрзната цена од 33 денари донесе одлука со која се наложува тие дневно да произведуваат и испорачуваат 80 отсто од количината на овие типови на леб од производтсвото во декември минатата година.

Пекарската индустрија е принудена да се прилагоди, но ќе поведе правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот, најави Малишиќ.

“Во интензивни консултации со правни експерти , домашни но и од надвор е утврдено дека владините одлуки се неуставни и незаконски или донесени без утврдено прекршување на пазарот по законот за трговија. Од записниците на инспекторатите се потврдува дека од 1ви декември па до крајот на февруари се почитуваат сите мерки и предходните одлуки кои владата ги донела. По овој основ пекарската индустрија здружено ќе започне правна постапка со цел наплата на штета, одноно загубата која владата и ја нансе на индустријата со нејзините одлуки. Штетата до 31мај до кога е навестено дека ќе трае одлуката за замрзнување на цената на лебот ќе изнесува над 4,5мил евра” кажа Малишиќ.

Одлуката што ја донесе Владата со која производителите имаат обврска да обезбедат леб по замрзната цена е во сила од вчера, а за нејзино непочитување следуваат парични казни до 8 000 евра. Инаку, Владата во вторникот донесе одлука со која ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари по што пекарите како одговор престанаа да ги произведуваат овие видови на леб.