Skip to main content

Пендаровски положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски

“Претседателот Трајковски го паметиме по неговата визија и заложбите во градењето на просперитетна иднина на нашата држава.“ -истакнаПенадорвски.
 |  инфодеск  | 

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

“Претседателот Трајковски го паметиме по неговата визија и заложбите во градењето на просперитетна иднина на нашата држава.“ – напиша Пенадорвски на фејсбук.

Претседателот Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје. Претставник на Кабинетот на Претседателот положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

На гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, свежо цвеќе положи и делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.

Покрај владините претставници, на овогодишното одбележување во Бутел присуствуваа и положија цвеќе сопругата на поранешниот Претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ.