Пет наплатни станици се издаваат под концесија
Пет наплатни станици долж Коридорот 10 наскоро би можеле да отидат под концесија, со цел да се овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса.
Пет наплатни станици долж Коридорот 10 наскоро би можеле да отидат под концесија, со цел да се овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса.
За патарините Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта денеска треба да објават јавна покана преку медиумите до соодветни компании и конзорциуми за изразување на интерес за учество во тендерска постапка.
Концесионерот ќе мора да изврши реконструкција, проширување и ремонт на постоечките објекти, како и набавка и инсталирање и одржување на интегриран систем за наплата на патарини.
На овој начин треба да се подобри наплатата на патарините и да се намали времето за чекање.
{loadposition content9}