Skip to main content

„Pink media group“ се извини za БЈРМ

Српската медиумска групација „Пинк медиа груп” се извини поради користењето на референцата БЈРМ во своите програми.

logo
лого

Во соопштението испратено до Советот за радиодифузија се вели дека станувало збор за превид и дека за „Пинк“ Македонија е „пријателска земја и намерата не била да ги навреди граѓаните на Македонија, поради што им се извинува на сите граѓани“.

Советот за радиодифузија соопшти дека го поздравува ваквиот гест на „Пинк медиа груп“, но додава дека „за да се вратат програмските сервиси на оваа групација во пакетите на јавните комуникациски мрежи, неопходно е да се исполнат и други услови, кои важат за сите радиодифузери на територијата на Македонија“.

logo„Пинк медиа груп“ на СРД му должи околу 35 илјади евра за дозволата за вршење радиодифузна дејност на „Пинк 15“, фирмата основана и затворена во Македонија.

СРД потсетува дека српската групација треба да ги намири и долговите кон поранешните вработени во својата македонска филијала, телевизијата „Пинк 15“.

{loadposition content9}