Skip to main content

Почина Мери Бошкова еден од доајените на македонската актерска уметност

Легендарната глумица почина пред нејзиниот 90-ти роденден. Бошкова беше театарска, телевизиска и филмска актерка.

Meri Boskova
Мери Бошкова

Легендарната глумица почина пред нејзиниот 90-ти роденден. Бошкова беше театарска, телевизиска и филмска актерка.

Мери Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ (1961), во режија на Димитрие Османли.

Meri BoskovaДобитничка е на најголемите признанија во нејзината богата актерска кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа („Еригон“ – од Јордан Плевнеш), како и голем број на високи сојузни и републички признанија – награда на Владата на ФНРЈ, Владата на НРМ, наградите „11 октомври“ и „13 Ноември“, наградата за животно дело и др.

Со своите први настапи во родната Битола, го свртува вниманието на публиката и критиката. Таа е носител на главните рољи со кои се прославува и во Македонскиот народен театар во Скопје: Живка во „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, Дездемона од Вилијам Шекспир, Бароница Кастели („Господа Глембаеви“ – од Мирослав Крлежа, „Нора“ од Хенрик Ибзен.
Речиси една деценија живее и твори во Драмата на Народно позориште во Белград, каде се прославува со: „Коштана“ од Бора Станковиќ, „Тетовирана роза“ – од Тенеси Вилијамс и др.

По враќањето во Скопје носител е на главните рољи на македонската сцена сè до пензионирањето, но сепак не се повлече. Таа останува со својата животна улога на Живка министерка, со која креација се вбројува меѓу најдобрите улоги на југословенската сцена.
Освен на „даските што значат живот“, таа беше активна и во радио драма, ТВ драми, како и на филмскиот екран. Нејзина последна филмска актерска креација беше на филмскиот екран во филмот на Димитар Османли „Агели на отпад“.
Мери Бошкова ќе биде погребана утре, 27-ми март на Светскиот ден на театарот.

{loadposition content9}