Skip to main content

Ин мемориам

Почина неврохирургот Јовица Угриновски

На 77-годишна возраст почина неврохирургот Јовица Угриновски. Информацијата за неговата смрт ја објави приватната клиника „Неуромедика“.
 |  инфодеск  | 
Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77-годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. 

Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.

Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на „НЕУРОМЕДИКА”. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето. Вечна му слава! – се наведува во соопштението на болницата „НЕУРОМЕДИКА”.

Тимот на Твм.мк изразува сочувство до семејството за загубата на овој врвен човек и професионалец.