Skip to main content

Ќе се испитуваат причините за смртта

Почина новороденче во Битола

Бебето по породувањето било живо и според извештаите кои ги видовме било родено со тахикардија и имало белодробно срцево оживување. Тоа е се што во овој момент можам да кажам, рече министерот за здравство Фатмир Меџити.
 |  инфодеск  | 
Фатмир Меџити

Во Клиничката болница во Битола се случи нова трагедија. Мајка на 24 годишна возраст го изгуби своето новородено бебе.

Денеска сум во Битола по најновиот смртен случај за новороденче. Утре ќе испратиме од Државен здравствен санитарен инспекторат, составен од комисија од инспектори кои ке ги утврдат причините за смртта на новороденчето. Станува збор за млада мајка на возраст од 24 години на која ова требаше да и биде прво дете. Бебето по породувањето било живо и според извештаите кои ги видовме било родено со тахикардија и имало белодробно срцево оживување. Тоа е се што во овој момент можам да кажам. За причините за смртта на новороденчето ќе можеме да кажеме поопширно откако комисијата ќе ги утврди причините за смртта – рече министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој попладнево допатува во Битола.

Извор/НоваМакедонија