Почина претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски
По кусо боледување, нa 45 годишна возраст, почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), соопшти Синдикатот.
„Со жалење информираме дека по кратко боледување почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, објавија од ССМ.
Димовски е претседател на ССМ од 2017 година позиција на која дојде од претседателското место во Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ).