Почина Митрополитoт Дебарско-кичевски Тимотеј
Дебарско кичевскиот Митрополит Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.
| инфодеск | Македонија
Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.
Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.
За архијереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година, а од 1995 година раководи со Дебарско-кичевската епархија.