Skip to main content

Починаа новороденчиња близначиња во прилепско

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. 
 |  инфодеск  | 
baby, child, grandchild, feet, baby feet, infant, children's feet, toes, cute, baby, baby, baby, baby, baby

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. 

Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.

„Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои и Центарот за социјални работи од Прилеп“,вели Биноски во изјава за МИА.

Подетални информации се очекуваат на пладне на прес-конференција во Центарот за социјални работи.