Skip to main content

Почна анализата и на млекото во македонските продавници

Од Агенцијата за храна и ветеринарство изјавуваат дека од вчера почна проверката на квалитетот на сите видови на млека што се продаваат по македонските продавници.

mleko
млеко

Од Агенцијата за храна и ветеринарство изјавуваат дека од вчера почна проверката на квалитетот на сите видови на млека што се продаваат по македонските продавници.

Мострите се веќе земени од сите видови на пастеризирано и стерилизирано млеко и од млечните производи на домашните млекарници.
Агенцијата минатата недела соопшти дека сите домашни млека се исправни. Сепак, ако се знае дека српската пченка како сточна храна се увезува и во Македонија, многу е веројатно дека отровот афлатоксин ќе биде пронајден и во млекото од македонските млекарници.
Во Србија почна повлекувањето од малопродажба на млекото на речиси сите српски млекарници – Суботичка млекара, Нишка млекара, Шабачка млекара, Мегле, Сомболед…

mleko„Домашното млеко е здраво и исправно, нема присуство на афлатоксини во него. Редовно се прави мониторинг на производството во сите млекарници во земјава и тоа е доволен доказ дека домашното млеко е здраво“, вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна.
Дневник пишува дека за професорите од Факултетот за земјоделство и храна многу веројатно е и во домашното млеко да се појават канцерогени материи бидејќи добитокот е хранет со српска пченка. Но, во Земјоделскиот инспекторат уверуваат дека тоа не може да се случи бидејќи немало увезено канцерогена пченка.

{loadposition content9}