Skip to main content

Почна да функционира подземниот катастар во Македонија

Со впишувањето на првиот инфраструктурен објект на Македонски телеком и издавањето на имотниот лист почна да функционира подземниот катастар во Македонија.

logo
лого

skiciСо впишувањето на првиот инфраструктурен објект на Македонски телеком и издавањето на имотниот лист почна да функционира подземниот катастар во Македонија.

Со ова се создадени можности да се евидентираат сите подземни инфраструктурни објекти со што во иднина би се намалиле нивните оштетувања што досега се правеа при разните ископувања на земјиштето.

„Досега во Кастастарот воопшто немаше евидентирано каде се наоѓаат овие инфраструктурни објекти, ниту пак беше запишана нивната сопственост. Сега веќе можат сите компании кои имаат евиденција за инфраструкруните објекти да достават геодетски елаборат и да ја запишат сопственоста на нивните објекти“, рече министерот Јанакиески.

Законскиот рок за запишување на инфраструктурните објекти е 24 април 2018 година.

{loadposition content9}