Почнува најмасовната акција за пролетно чистење „Генералка викенд 2023“
Третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се одржи од 12-ти до 14-ми мај. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16.000 волонтери.
Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 ќе биде собран отпадот од локациите мапирани од страна на секоја општина засебно.
За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула Отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации ќе има и тимови од Црвен Крст кои ќе се погрижат за безбедноста на волонтерите.
„Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата и да се вклучиме во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – акција која ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина“, вели Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и јас лично, како еден од првите пет топ приоритети ја имаме ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА, која нашата држава во голема мера ќе ја направи поеколошка и позелена. За секои 10 кг собран отпад садиме по едно дрво и создаваме нов живот со разновиден растителен и животински свет“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
„Шпаркасе Банка интензивно ги поддржува активностите во областа на екологијата и на заштитата на човековата средина, како предуслов за просперитет на сегашните и идните генерации и креирање на одржлив свет“, изјави Катарина Штерјовска-Раца, раководител на маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.
“ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД инспирира промени, повикува на единство за нешто што е важно и во заеднички интерес на сите нас, а тоа е чист воздух, чиста почва и чиста вода”, изјави Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад.
„Кога целото општеството соработува заедно, можеме да направиме промени: Да се извалкаме и да исчистиме!“, изјави Гордана Софија од Мен енд Манутен.
Генералка викенд е резултат на стратешко партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Оваа година новина е можноста за споделување на атмосферата од ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД што ќе оди со пренос во живо во Фејсбук групата: