На 14 септември почнува пријавувањето за наградата „Најдобар промотор на Македонија“
Номинирањето е јавно и секој може да предложи кандидат со испраќање пријава на официјалната адреса на Организаторот nagradata@macedonialovesyou.comОваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или преку Твитер на Best Promoters MК@nagrada, a право на учество имаат поединци или групи на луѓе кои во текот на оваа година активно ја промовирале Република Македонија и државните интереси.
Номинирањето е јавно и секој може да предложи кандидат со испраќање пријава на официјалната адреса на Организаторот nagradata@macedonialovesyou.com. Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или преку Твитер на Best Promoters MК@nagrada, a право на учество имаат поединци или групи на луѓе кои во текот на оваа година активно ја промовирале Република Македонија и државните интереси.
Годинава главните награди ќе се доделуваат во три категории – уметност и наука, туризам, извоз и претприемништво и дипломатија од добра волја. Независно од овие категории се доделува наградата за животно дело и специјалната награда за личноста која ќе освои најмногу гласови од јавното гласање. Дополнително може да бидат доделени и награди или подароци обезбедени од физички и правни лица. Сите награди се почесни и на победниците не им се доделува никаква парична награда.
Гласањето ќе се врши од 23 ноември 2011 до 25 јануари 2012 година преку специјално поставениот линк www.facebook.com./Macedonia.BestPromoterAward, а прогласувањето на победниците е на 15 февруари 2012 година.
Изборот на победници го врши жири според измерениот просек на анкетата и гласањето, односно 50 отсто од анкетата и 50 отсто од жирито. Наградата за животно дело ја доделува жирито.
Проектот „Македонија ве сака“ (Macedonia Loves You) ја стартуваше и третата свечена едиција на интернет страницата www.macedonialovesyou.com, со цел да се придружи кон прославувањето на 20-те години од независноста на Република Македонија.
Новата едиција на страницата се фокусира на промоцијата на идејата Macedonia@20 и претставувањето на убавините на Македонија преку дваесет зборови или дваесет фотографии. Македонците и странците ја опишуваат земјата од нивен личен аспект. Професор од Универзитетот во Чикаго со дваесет зборови го опиша македонскиот јазик, додека почесниот конзул во Брисел кажува колку многу придавки можат да бидат заменети со еден збор: македонски. Македонците раскажуваат за нивната библиска земја, преполна со историја… како бисерот во својата школка. Во албумите со 20 фотографии авторите ја претставуваат својата перспектива за неспоредлива Македонија. Албумите содржат фотографии на волшебни пејсажи, места, светилишта и чуда на природата. Од планината Кораб, до мостовите во Кратово, до смирувачкото Охридско Eзеро, до македонските светилишта, па дури и приватните куќи.
Macedonia@20 е отворена кампања и проектот срдечно ги поканува сите да ги споделат впечатоците и мислењата за убавината на Македонија со 20 зборови или 20 фотографии.
Проектот Macedonia Loves You почна во 2007 година и оттогаш преку низа настани ја промовира убавината на Македонија, пријателството и разбирањето меѓу луѓето.
{loadposition content9}