Skip to main content

Денеска се очекуваат пролетни температури

Почнува пролетта, од викендов летно сметање на времето

Вечерва во 22:24 часот, во Македонија и на северната хемисфера, почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
 |  инфодеск  | 
Пролет
00481302

Вечерва во 22:24 часот почнува пролетта и ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни кога ќе започне летото. Паралелно со започнувањето на пролетта во земјите од северната земјина полутопка, во земјите од јужната хемисфера, пак, денеска почнува есента.

Денешниот ден е познат и по името пролетна рамноденица – и денот и ноќта траат по 12 часа.

Во земјава денеска се очекува претежно сончево време со пролетни температури. Утре пак, на првиот ден од пролетта, УХМР најави претежно облачно време со повремен дожд.

Освен промена на годишните сезони, последниот викенд во март, односно викендот што претстои, почнува летното сметање на времето. Па така, викендов стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.