Skip to main content

Почнува пролетта

Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност.
 |  инфодеск  | 

Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.

На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денот ќе трае 12 часа и 9 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени.

фото: Ѓоко Симјаноски