Skip to main content

Почнува судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје.

tuareg
Туарег
Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје.

Процесот се води против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше. Целокупната истрага за сообраќајната несреќа траеше скоро една година.
Обвинителството го товари Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој управуваше со возилото за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една до пет години.

TuaregВештачењата утврдија дека тој возел со поголема брзина од дозволената. Според резултатите од вештачењата во Хрватска тој возел над 170 километри на час, а според оние направени во Македонија околу 150.
Возилото удрило во приколка од камион по што се превртело и удрило во заштитната ограда, во близината на Нова Градишка.

Ѓорѓевски беше тешко повреден во несреќата и беше задржан неколку дена во болница во Хрватска. Во сообраќајката со полесни повреди мина менаџерката Љиљана Петровиќ.
Иако семејството Проески по несреќата се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски, Обвинителството по службена должност покрена обвинение против него.

 

{loadposition content9}