Skip to main content

Почнува трката за индекс на државните универзитети

Студентите утре почнуваат да се борат за запишување на едно од вкупно 30.011 слободни места на државните универзитети во Македонија.

 |   | 
ukim
ukim

Студентите утре почнуваат да се борат за запишување на едно од вкупно 30.011 слободни места на државните универзитети во Македонија.

Првиот уписен рок на сите јавни високообразовни установи ќе се одржува утре и задутре, освен на Државниот универзитет во Тетово, каде првиот уписен рок почнува утре и ќе трае три дена.

Од вкупната бројка на слободни места, 17.447 студенти ќе се запишат како редовни студенти во државна квота, 8.453 обезбедени места за студенти кои ќе се запишат на редовни студии со кофинансирање и вкупно 4.111 слободни места за вонредни студенти.

На скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ има вкупно 12.747 слободни места од кои 6.892 за студенти со државна квота, 4.264 за редовни студенти кои ќе се запишат со кофинансирање на студиите и 1.591 место за оние кои ќе студираат вонредно.

Партиципацијата за редовните студенти во државната квота изнесува 200 евра годишно, за редовните студенти со кофинансирање на студиите и вонредните студенти партиципацијата изнесува 400 евра.

Студиите на сите дисперзирани студиски програми за сите редовни студенти изнесува 100 евра годишно.

Вториот уписен рок е на 1-ви и 2-ри септември, додека третиот уписен рок е на 15. септември.

{loadposition content9}