Почнува вакцинацијата против новиот грип
Вакцинацијата за новиот тип на грип за населението, при што приоритет ќе имаат ранливите групи како бремени жени и хронични болни, започнува в петок.
вакцина

Вакцинацијата против новиот грип во Македонија е бесплатна и ќе се врши во Центрите за јавно здравје ширум земјата, секој ден, во периодот од 8 до 20 часот за возрасни лица, како и во здравствените домови (во службите за вакцинација) за деца од шест месеци до 18 годишна возраст.
Вакцините кои се употребуваат во Македонија се произведени од реномирани светски фармацевтски компании и се одобрени за употреба од страна на Агенциите за лекови на САД и ЕУ, информираат од Министерството за здравство.
Почетокот на вакцинацијата симболично ќе го означи министерот за здравство, Бујар Османи.

{loadposition content9}