Почнува вакцинација со четврта доза против ковид 19
Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување, соопшти Министерството за здравство.
Вакцинацијата со четврта доза, како што посочуваат од Министерството, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер” или „Модерна”.
Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.
Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.
Од министерството посочуваат дека Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид-19.
Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерството за здравство.