Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поевтинуваат бензините

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 2-ри месецов.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ  поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари. Нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС – 98.

Цената на  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари.

 За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,976 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 2-ри месецов.