Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад
Поевтинуваат бензините и дизелот
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на предходната одлука.
| инфодеск | Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76,5 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).
Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на одлуката од 20 ноември годинава.