Регулаторна комисија за енергетика
Поевтинуваат бензините, дизелот поскап за полoвина денар
Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.
| инфодеск | Македонија
Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.
Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар. Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар.
Непроменета останува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство.