РКЕ
Поевтинуваат бензините и дизелот
РКЕ донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 23-ти јуни.
| инфодеск | Македонија
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за еден денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 109 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 111,50, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109 и на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107 делари за литар.
За 0,986 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 53,305 денари.