Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поевтинуваат горивата

Од полноќ бензините се намалуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
 |  инфодеск  | 
Горива

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89%, со што бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за еден, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денари.

Од вечер на полноќ, според одлуката на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 95,5 денари/литар,

ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 98 денари/литар, а дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 96 денари/литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поевтинува за 1,50 денари и ќе чини 94,5 денари/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 52,840 ден/кг.