Бензините поевтинуваат за 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари
Просечното намалување на цените изнесува 5,81 отсто.
| инфодеск | Македонија

Од вечерва на полноќ се намалуваат малопродажните цени на горивата во земјава, согласно методологијата што ја користи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Просечното намалување на цените изнесува 5,81 отсто.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4 денари и од полноќ еден литар ќе се продава по 87 денари.
За 4 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР-98, чија нова цена ќе изнесува 89 денари за литар.
Најголемо намалување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 8 денари, па еден литар ќе чини 91,50 денари.
Новите малопродажни цени стапуваат во сила вечерва на полноќ.






