Повеќето македонски жалби во Стразбур се лошо подготвени
Од вкупниот број предметите коишто пристигаат против Република Македонија во Европскиот суд за човековите права во Стразбург, 85 отсто од нив завршуваат како недопуштени, како резултат на лошо подготвени жалби, не ретко и од формално-правни причини.
| | Македонија
судски чекан
Од вкупниот број предметите коишто пристигаат против Република Македонија во Европскиот суд за човековите права во Стразбург, 85 отсто од нив завршуваат како недопуштени, како резултат на лошо подготвени жалби, не ретко и од формално-правни причини
Ова го изјави судијата во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова-Трајковска денеска на маргините на обуката за недискриминација, која се одржува во Академијата за судии и јавни обвинители.
Таа посочи дека не се запазува рокот од шест месеци и не се бара од Европскиот суд за човекови права да постапува како суд од четврта истанца или, пак, во однос на самата содржина на предметот не се посочуваат правилно кои се основите за повреда којашто апликантот смета дека постои.
– За жал, тоа е така. Жалбите не се добро подготвени и тоа укажува на непознавање, на неследење на судската пракса на Европскиот суд за човекови права, меѓутоа од друга страна и непознавањето на формалните критериуми коишто мора да бидат задоволени за да биде една апликација прифатена во работа пред Судот во Стразбург, рече Лазарова-Трајковска.
Според неа, не е мал бројот и на предметите коишто пристигаат пред Судот без претходно да бидат исцрпени домашните правни лекови, притоа посочувајќи дека мора да се искористат сите домашни правни лекови пред да стигне предметот пред Европскиот суд за човековите права.
Притоа судијата Лазарова – Трајковска како пример ги наведе пресудата на Руфи Османи против Република Македонија и по одлуката на Вранишковски против Република Македонија во која, како што рече, Судот укажа дека кога се работи за слободата на изразување жалителите мора да поднесат и барање за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд и оти овој правен лек кога е во прашање оваа повреда се уште не се искористува.
{loadposition content9}