Skip to main content

Поголем одзив во споредба со претходните избори

Досегашниот одзив на седмите парламентарни избори е 14,2 проценти, соопшти ДИК. Најголема излезност на гласачите до 10 часот е забележана во изборните единици 1 и 3, а најнизок одзив има во тетовскиот регион-7 проценти.

 |   | 
Kondarko
Кондарко

Претседателот на ДИК Борис Кондарко соопшти дека досегашниот тек на изборите е фер и демократски, упатувајќи апел за што поголем одзив и гарантираност на тајноста на изјаснувањето.

Што се однесува до резултатите од дијаспората, според шефот на ДИК, изборните материјали наскоро ќе пристигнат. Резултатите за идните тројца пратеници од трите континенти се веќе познати, но и тие ќе бидат соопштени по затворањето на избирачките места во 19 часот.

Според невладината организација МОСТ, до 10 часот излегле околу 15 проценти, што според Дарко Алексов е поголем одзив од претходните парламентарни избори во 2008 година. ДИК не забележала нерегуларности, додека МОСТ посочува на неколку инциденти, како на пример фотографирање на избирачите или јавно читање на нивните имиња, при што изборната администрација реагирала веднаш и според законите.

{loadposition content9}